Се самоуби познатиот готвач на Си-ен-ен, Ентони Бордејн

1097 Views Јуни 8, 2018 Забава Никола Осило

Ентони Бордејн, светски познат ТВ готвач и писател, изврши самоубиство на 61-годишна возраст. Неговата матична телевизиска куќа Си-Ен-Ен ги потврди наводите.

„Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот колега и пријател, Ентони Бордејн.

Неговата страст за авантури, нови пријателства, убава храна и пијалаци и неверојатните приказни од целиот свет, го направија извонреден раскажувач. Неговиот талент никогаш не престануваше да не одушевува. Ќе ни недостасува. Нашите мисли во овој тежок момент се со семејството и со неговите најблиски,“ соопшти Си-Ен-Ен.

Бордејн деновиве во Франција ја снимал својата последна епизода од емисијата „Непознати краишта“ која се емитуваше на американската телевизија.

Неговиот близок пријател и соработник, францускиот готвач Ерик Рипер го пронашол Бордејн мртов денеска, во неговата хотелска соба.

Фото: Си-ен-ен

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!