Фрчкоски: Сѐ е решено освен „продавањето“ на договорот за името на народот

Професорот Љубомир Фрчкоски во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ рече дека главен проблем што сѐ уште не е потпишан договорот за името со Грција е неговата имплементација.

Според него, договорот ќе се случи и не може да се одложи, затоа што тоа ќе биде еднакво на неуспех.

Ако ги следите јавните изјави на нашата влада како ќе оди имплементацијата, штом не се случува разговор по таа основа, проблемот е во имплементацијата – вели тој и додава дека се донесени решенијата за јазикот, националноста и името и сега се работи само за спроведувањето, односно продавање на договорот на својата база.

Фото:1ТВ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Српски „Курир“: Грците бараат име без „Македонија„, преговорите пропаднаа

Куновска: Подвиг е да се најде взаемно прифатливо решение, а не решението што е прифатливо само за Грција 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.