„Звучни имиња“ на најновата листа даночни должници на УЈП

2597 Views Јуни 9, 2018 Бизнис Никола Осило

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата од околу 4.000 должници се најдоа и имињата на компании кои се добро познати во македонската јавност. Така, компанијата „Хедис“ должи околу 139 милиони денари, „Трансмет“ должи околу 64 милиони денари, „Бујото Инженеринг“ должи околу 16 милиони денари, „Машинопромет“ должи околу 23 милиони денари...

Целата листа на должници ТУКА.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!