Македонските ученици не се за „фрлање“: Наградени проекти за изработка на дрон, хидрофонична градина, сончеви електрани..

Дванаесет основни и осум средни училишта се наградени за најуспешни истражувачки проекти во рамки на Јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ кој беше отворен од 31 ноември лани до 15 февруари годинава.

Ним им беа доделени вредносни ваучери од средства обезбедени од Владата преку Фондот за иновации и технолошки развој во висина од четири милиони денари.

Меѓу наградените, како што информира директорот на Фондот, Јован Деспотовски, има проекти за изработка на дрон, хидрофонична градина, систем за детекција на гасови во воздухот во работни простории, фотоволтаична централа, стаклена градина, отпорност на градинарските култури на кисели дождови...

Тој најави дека во септември и октомври ќе биде отворен нов повик за млади истражувачи.

„На ваков начин сакаме да ја вкорениме културата на креативно критичко иновативно размислување кај најмладите бидејќи веруваме дека кај нив лежи потенцијалот да се промени ова општество“, рече Деспотовски.

На доделувањето на наградите приствуваше и премиерот Зоран Заев кој рече дека со вакви мерки Владата сака да испрати порака за мотивација на сите млади генерации што доаѓаат.

„Кретивното размислување кај децата и младите во образовниот процес е основа за развој на иновативноста. Истражувачкиот дух и мотивираноста на учениците за да дојдат до нови знаења и податоци треба да бидат постојано поттикнати во рамките на образовниот процес, но и од општеството и семејствата“, рече Заев.

На јавниот повик биле пријавени 98 училишта, со стотина проекти. Придвивени биле средства од 1,5 милиони денари за награди, но поради големиот број пријавени наместо шест, избрани се најдобрите 20 проекти, а фондот е зголеман на четири милиони денари.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!