Грчките медиуми тврдат дека Заев и Димитров ја расипале „калимерата“ за спорот за името

Грчките медиуми зовреа откако не дојде до најавуваниот телефонски разговор меѓу Алексис Ципрас и Зоран Заев кој требаше да биде знак за тоа дека двете страни се блиску до решение за името.

„Та неа“ пишува дека причина за застојот е во тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров го блокира процесот со тоа што изразува несогласување по однос на договорот.

„И покрај оптимистичките предвидувања за сабота напладне, комуникацијата се одложува за следната недела. Информациите укажуваат на тоа дека во Владата во Скопје постојат поделби со тоа што Никола Димитров продолжува да игра лични игри. Ако се надминат пречките поставени од Димитров и повикот се оствари, средбата меѓу Заев и Ципрас ќе се одржи до среда, потписите ќе паднат и договорот ќе оди на одобрување во Парламентот за на 25. јуни, Македонија да добие зелено светло од ЕУ“, пишува „Та Неа“.

Според „Катимерини“, преговорите меѓу Грција и Македонија се во застој поради различно „интерпретирањето“ на правните документи, а не во принципите на договорот. Според весникот се очекува премиерот Заев и министерот Димитров во следните 24 часа да се договорат.

„По видните разлики меѓу премиерот Заев и министерот за надворешни работи, Димитров, како пречка во процесот, се очекува двајцата во следите 24 часа да дадат некаква порака за договор“, пишува „Катимерини“.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

(Фото) Заев и Димитров возејќи мотори покажаа дека се на иста линија околу спорот за името

Владата негира поделби: Заев и Димитров се на иста линија

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!