Ердоган: Австрија сака војна меѓу крстот и полумесечината

598 Views Јуни 10, 2018 Балкан Никола Осило

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе преземе мерки како одговор на одлуката на Виена да затвори седум џамии и да ги протера турските муслимански свештеници, кои беа обвинети дека се финансирани од странски државјани.

„Се плашам дека чекорите преземени од австрискиот премиер го водат светот кон војна меѓу крстот и полумесечината. Вие го правите тоа, а ние ќе седиме со преклопени раце? Тоа значи дека и ние исто така ќе преземеме некои мерки“, нагласи Ердоган.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе преземе цврсти мерки против политичкиот ислам, кои го вклучуваат и затворањето на седум џамии под сомневање дека се поврзани со турските националисти.

Фото: РТ

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!