Полицаец завршил во болница по напад од 24-годишна девојка: Не сакала пајак да и го „дигне“ возилото

1879 Views Јуни 10, 2018 Локално Никола Осило

На 09.06.2018 година околу 10,10 часот на улица „Филип 2-ри Македонски“ во Битола, додека неколку полициски службеници отстранувале товарно моторно возило кое било непрописно паркирано, З.А.(27) и С.А.(24), двајцата од село Баница, струмичко, застанале пред возилото и го спречувале отстранувањето на возилото.

Двете лица започнале да ги омаловажуваат полициските службеници, при што С.А физички нападнала еден службеник на кој му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Лицата се приведени во ПС Битола за понатамошна постапка.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!