„Расправа“ со пиштоли, ножеви и шишиња кај Градски стадион во Скопје

1785 Views Јуни 10, 2018 Локално Никола Осило

На 09.06.2018 година во 14,00 часот во ПС Центар, С.А.(36) од село Сарај, скопско, пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот, движејќи се заедно со неговиот брат Р.А. покрај Градскиот Стадион во еден момент му се доближило лицето Р.С. кој бил заедно со Д.М. и Б.С. по што Р.С. физички го нападнал пријавителот додека неговиот брат возвратил на ударите кон Р.С, соопшти МВР.

„Во еден момент лицето Д.М. извадил пиштол кој го насочил кон пријавителот кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож.

Од страна на лицето Б.С. било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите по што С.А. и неговиот брат Р.А. го напуштиле местото на настанот.

По преземени мерки сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, за настанот е запознаен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!