(Фото) И двајцата имаат по две деца: Заев и Ципрас приватно

Македонската и грчката јавност со деновиве е во исчекување на телефонски разговор на премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас.

Очекуваниот разговор, кој треба да покаже до каде се преговорите со името, се уште не се случил, а во меѓувреме еМагазин Ви пренесува интересни детали од приватниот живот на двајцата премиери.

За разлика од Заев, кој е долги години во брак, Ципрас е во регистрирано партнерство со Peristera "Betty" Baziana, која е инжинер за енергетика и компјутери, по професија и со која има два сина, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Се запознале во далечната 1987 година, во училиште кога имале по 13 години.

Помалиот син се вика Ернесто, во чест на култниот Чегевара.

Интересен детал од приватниот живот на Ципрас е дека е голем фан на фудбалот, а себе си се дефинира како атеист, во земја во која црквата има големо влијание на сите нивоа.

Топ тема кога се во прашање неговите две деца во грчките медиуми пред три години беше одлуката на Ципрас синовите да ги прати во скапи приватни училишта, што се коси со неговата екстремно лева ориентација.

Со сопругата уште од тинејџерските денови се „заколнати“ левичари.

И Заев како што е познато име две деца, ќерка и син, Александра и Душко.

Со неговата сопруга Зорица исто така се знаат со години, речиси од деца, а во врска се од 1995 година.

Заев како и Ципрас политички е лево ориентиран, а за разлика од Ципрас има голема пасија за мотори.

Фото: zoranzaev.mk/Прототема/NDP/Влада

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.