Антонио Милошоски: Министерот Димитров си бара нова работа

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил пишува дека според дипломатски извори од Обединетите нации, министерот за надворешни работи, Никола Димитров започнал комуникација за вработување во некое од седиштата на ОН во Њујорк, Виена, Хаг или Женева.

„Не знам дали кариерата на Никола Димитров е „на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже”, пишува Милошоски од Холандија.

Фото: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Кој е побогат, Заев или Димитров?

(Фото) Заев и Димитров возејќи мотори покажаа дека се на иста линија околу спорот за името

Грчките медиуми тврдат дека Заев и Димитров ја расипале „калимерата“ за спорот за името

Кој прв ќе се повлече по евентуално решение за името, Заев или Димитров?

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.