Кој е кој на фотографијата од Самитот на Г-7 која го зовре интернет?

796 Views Јуни 11, 2018 Свет Никола Осило

Социјалните мрежи, медиумите и воопшто светската јавност не престанува да ја коментира фотографијата на Џеско Данце, официјален фотограф во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел од Самитот на Г-7 на која американскиот претседател Доналд Трамп е опколен од лидерите на најмоќните земји во светот.

Главна причина за коментарите и стотиците мемиња кои произлегоа во изминативе два дена е што таа наликува на класична, па дури и библиска слика.

Тежината на фотографијата е уште поголема ако се земе предвид дека Трамп отворено почнува трговска војна со Европа и со останатиот дел од светот.

Инаку, на фотографијата од десно кон лево се Доналд Трамп, Џон Болтон, национален советник за безбедност во САД, Казујаки Јамазаки, министер за надворешни работи на Јапонија, Шинзо Абе, премиер на Јапонја, Јасутоши Нишимура, вицепремиер на Јапонија, Ангела Меркел, канцелар на Германија, францускиот претседател Емануел Макрон и премиерката на Британија,Тереза Меј.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!