Сукцесија на имотот на СФРЈ: Поранешните ЈУ-републики се „тепаат“ и за објекти кои постојат само на хартија

845 Views Јуни 11, 2018 Балкан Никола Осило

Десетина објекти-амбасади во светските престолнини кои се предмет на поделба на државите кои произлегоа од поранешна Југославија или не постојат или се узурпирани или пак за нив не постои документација за сопственост, објави српски „Новости“.

„Објектот во Велингтон едноставно го нема. Добивме потврда за тоа иако вонашите документи овој објект се уште постои“, вели Вељко Одаловиќ, претставник на Србија во Мешовитиот комитет за сукцесијата кој наскоро ќе заседава во Белград.

Тој додава дека слични случаи има во Конго, Судан и Централноафрканската Република, додека од друга страна има и објекти кои се уште постојат, но за кои нема соодтвена документација за сопственост.

Според него, нераспределени останале уште 51 објект на СФРЈ, но со оглед на тоа што за десетина од нив нема реална можност за поделба Србија ќе предложи овие објекти да се избришат од листата за сукцесија.

Фото: novosti.rs

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!