360 степени: Република Северна Македонија за севкупна употреба и македонски јазик

360 Степени“ неофицијално дознава дека договорот помеѓу Македонија и Грција се темели на сложеното име Република Северна Македонија, кое ќе биде за севкупна употреба и ќе биде преведливо на сите јазици, на пример на англиски Republic of North Macedonia.

За сметка на тоа земјава добива чисто именување на јазикот како Macedonian. Во графата за државјанството ќе пишува Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia.

Придавката Macedonian ќе може да се користи од нашата страна во етнокултурен контекст. По потпишувањето, договорот ќе оди на ратификација во македонскиот парламент по што Грција ќе даде согласност земјава да добие покана за прием во НАТО и датум за старт на преговори со ЕУ.

Извор: „360 Степени“/Алсат М

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Сите детали од наводниот договор: Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет 

Грчки медиуми: Заев и Ципрас се договориле за Северна Македонија, потпишувањето на договорот викендов во Преспа

Коѕијас: Новото име е одбрано, македонскиот јазик постои од 1977 во ОН

Заев очекува договорот за името да помине на референдум, не планира предвремени избори

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.