Нова демократија бара расправа во грчкиот парламентот пред Ципрас да потпише договор

Доколку Ципрас му се јави на Мицотакис да го информира за договорот за името, тогаш лидерот на опозициската Нова демократија ќе побара расправа во парламентот пред да се потпише договорот, откри одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Јоргос Кумуцакос, при гостувањето во емисија на државната телевизија ЕРТ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Кумуцакос вели дека пред Преспа и пред било каква одлука или договор, потребно е да се информираат и парламентот и граѓаните, бидејќи смета дека и самото потпишување ја обврзува земјата, а Ципрас нема мнозинство и единство во неговата влада, со оглед на тоа што коалициониот партнер Панос Каменос е против сложено име со терминот Македонија.

- Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа во парламентот, за грчкиот народ да дознае, пред да се обврзе, што содржи договорот, вели Кумуцакос и додава дека нивното барање „ќе се потврди на најофицијален начин, доколку Ципрас му се јави на Мицотакис“.

Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, смета дека грчкиот народ треба да се информира за договорот, што содржи тој и што Грција доби, а што изгуби.

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Сите детали од наводниот договор: Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет 

Грчки медиуми: Заев и Ципрас се договориле за Северна Македонија, потпишувањето на договорот викендов во Преспа

360 степени: Република Северна Македонија за севкупна употреба и македонски јазик 

Коѕијас: Новото име е одбрано, македонскиот јазик постои од 1977 во ОН

Заев очекува договорот за името да помине на референдум, не планира предвремени избори

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.