„Витаминка“ ќе дели дивиденда во износ од 156 денари по акција

382 Views Јуни 13, 2018 Бизнис Никола Осило

Собранието на акционери на „Витаминка“ АД Прилеп на седницата одржана на 12.06.2018 година донесе одлука за исплата на дивиденда за 2017 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Дивидендата изнесува 156,17 денари нето по акција или 174,52 денари бруто по акција, што во процентуален износ од номиналната вредност на акцијата е 5,35 отсто.

Последен ден на тргување со прво на дивиденда е 22.06.2018 година.

Фото: Витаминка

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!