Кои се членовите на Одборот на директори на „Попова кула“?

313 Views Јуни 13, 2018 Бизнис Никола Осило

„Попова кула“ АД Демир Капија преку Македонската берза ги објави имињата на членовите на Одборот на директори и процентуално учество на секој од нив во основната главнина на друштвото.

Златко Данев од 2009 година се наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори на ВВ Попова Кула АД Демир Капија. Поседува 2.433 обични акции или 0,09% од основната главнина. Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

Зоран Колев од 16.05.2007 година се наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори. Поседува 15.000 обични акции или 0,55% од основната главнина. Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

Григори Поповски од 16.05.2007 година се наоѓа на позицијата претседател на Одборот на директори. Поседува 84.809 обични акции или 3,14% од основната главнина. Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

Јордан Трајков од 05.06.2014 година се наоѓа на позицијата извршен директор на ВВ Попова Кула АД Демир Капија. Поседува 153 обични акции или 0,005% од основната главнина. Акциите ги има стекнато со трговска трансакција.

Климе Бабунски од 08.06.2015 година се наоѓа на позицијата неизвршен член на Одборот на директори. Поседува 15.730 обични акции.

Фото: Попова Кула

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!