Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, денеска на прес конференција, одговарајќи на прашање дали има пресметки колку државата ќе ја чини новото име, предвидено со договорот помеѓу Македонија и Грција, и кој ќе ги плати трошоците за новите патни и други документи, одговори дека граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за менување на патните исправи и други документи, оти тие ќе се менуваат кога ќе истече нивната важност. 

„Тие трошоци ќе бидат редовните што ги имаат граѓаните при вадење на нови патни исправи“, рече владиниот портпарол, додавајќи дека за сите други трошоци се прави анализа и постои можност тие да бидат спакувани на таков начин за граѓаните да не сносат никакви трошоци. 

еМагазин не доби конкретен одговор од Владата, што ако на пр. некои граѓани сега мораат да вадат нови документи, поради нивно истекување, на пр. пасош, чиј рок е 10 години, а промените според договорот треба да бидат завршени за 5 години.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.