(ВИДЕО) Мицкоски се сретнал со Заев и Иванов, уште еднаш потврди дека договорот е „капитулација“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево во Владата имаше куса средба со премиерот Зоран Заев кој му го предал договорот за решение за спорот за името, информираат од Владата.

Заев на средбата потенцирал дека како одговорни политичари, во дадениот момент имаат обврска да им овозможат на граѓаните на Република Македонија да го остварат деморкатското право и да добијат шанса да го дадат своето мислење во однос на договорот. 

“Повеќе од 25 години, колку што е активен овој спор, граѓаните немаа прилика да видат ниту решение, ниту да се изјаснат. Овој договор ја гарантира иднината на Македонија како членка на НАТО и ЕУ, истакнал пЗаев, јасно посочувајќи му на Мицковски дека и тие како опозиција треба да  овозможат фер шанса последниот збор да го кажат граѓаните на референдум. 

“Референдумот е консензус меѓу ВМРО-ДМПНЕ и СДСМ како најголеми политички субјекти во Македонија со години наназад, рекол Заев, и подвлекол дека сите заедно треба да се заложат граѓаните сами да одлучат за својата иднина и дека никој нема право да ги спречува во тоа. 

Заев упатил порака дека политичките субјекти треба да се обединат околу идејата за референдум и заради националните приоритети на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ. 

Мицкоски пак по средбата изјави дека тој и Заев имале куса средба затоа што, како што кажа, целокупната тема била исцрпена во текот на вчерашниот ден и тој немал што да додаде повеќе од она што го кажал на последните две прес-конференции.

Повтори дека овој договор за него и за ВМРО-ДПМНЕ е „капитуалација“ на Република Македонија. 

„Тој договор сега ни е предаден нас, на ВМРО-ДПМНЕ. Од претседателот на Владата добив информација дека во текот на утрешниот ден договорот ќе помине на владина седница и ќе биде декласифициран, така што најверојатно веќе од утрешниот ден јавноста ќе ги знае деталите и спецификите содржани во него. Ние доправа ќе го разгледуваме договорот така што ќе коментираме во деновите што следуваат“, изјави Мицкоски. 

Тој рече дека договорот што веќе му е предаден денеска ќе биде анализиран во сите партиски комисии и органи оти во деновите што следат ќе повикаат консултации со МПЦ, Исламската верска заедница, МАНУ и со други општествени групи во Република Македонија. 

“Некој не доведе во една ваква незавидна ситуација. Си го приватизираше и монополизираше целокупнииот овој процес. Сега не стави пред свршен чин да коментираме капитулација, но ние на денешната прес-конференција рековме дека ќе ги искористиме сите демократски и законски средства коишто ни стојат на располагање за да му пркосиме на истиот“, изјави Мицкоски. 

Информираше дека денеска имал средба и со претседателот Ѓорге Иванов на која ги повторил ставовите и позициите на неговата партија.

“Претседателот ме информираше дека во текот на денешниот ден ќе има обраќање до јавноста“, рече Мицкоски не откривајќи детали од разговорот со Иванов. 

Во врска со тоа дали постои можност за промена на неговиот став за договорот меѓу Заев и Ципрас за спорот со името, Мицкоски рече дека врз основа на деталите што ги дознават деновиве и неговиот личен став и ставот на партијата стануваат уште поцврсти. 

Фото/видео: Влада

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.