Невреме во Скопје: Град, пороен дожд и силен ветер

Скопје попладнево повторно е зафатено од силно невреме со пороен дожд, ветер и град. Поплавени се сообраќајници, а дополнително ќе биде утврдено дали има материјална штета.

Од УХМР велат дека дува ветер со брзина од 65 километри на час. Неверемето засега е ограничено само на скопскиот регион. Слично невреме во Скопје имаше и во саботата.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!