Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т. (51) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти МВР.

„На 21.02.2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Свети Николе, донел решенија за награда на шест административни службеници од општина Свети Николе, и покрај тоа што знаел дека согласно член 65 став 4 од Законот за административни службеници со оценка „А“ може да бидат оценети најмногу 5%, односно двајца од 34 административни службеници вработени во општината, и согласно член 68 став 1 од истиот закон, истите да бидат наградени со бонус во износ од една плата примена во последниот месец од 2016 година.

Со ова пријавениот нанел материјална штета од 119.478 денари на општина Свети Николе“, соопшти МВР.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!