Тетовчанка затруена со солна киселина

На 09.06.2018 година во 16.20 часот од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена М.А. (70) од Тетово која била затруена од солна киселина, соопшти МВР.

Таа беднаш била пренесена во Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. На 12.06.2018 година, по овластување на истражен судија од Основно јавно обвинителство Тетово, увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!