Иванов нема да потпише: Ваков штетен договор нема во историјата на човештвото

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во своето обраќање до нацијата од Вилата на Водно, а повод договорот помеѓу Македонија и Грција порача дека ваков штетен договор е единствен во историјата на човештвото и за него е недостоинствен и непрофатлив.

„Нема да легализирам политичка дивоградба“, изјави претседателот Иванов.

Тој додаде дека целиот процес се водел неодговорно и нетранспарентно, а Владата не смогнала сила да изгради заеднички став и консензус.

“Владата не смогна сила и храброст за да изградиме заеднички став и консензус. Целиот процес беше нетранспарентен за што сведиочи крајниот резултат. Текстот е поразителен за Република Македонија,  рече Иванов, појаснувајќи дека не се менува само уставното име, туку и преамбулата на Уставот и сите негови членови каде се спомнува Република Македонија. 

Праша дали е достоинствено да се прифатат сите грчки барања и ултиматуми, додавајќи дека со овој договор се отвораат повеќе прашааа отколку што се затвораат и смета дека тој ќе предизвика несогледливи последици  за Македонија и македонскиот народ. ЕУ и НАТО, рече Иванов, не смеат да бидат алиби за штетен договор и тој не го обединува општеството, туку дополнително го поларизира. 

„Грција успеа да си ги исполни максималистичките барања, се деградираат стекнатите права во ОН и се погазува заветот на нашите предци. Се погазува 73-годишното право на самоопределување и 27-годишната  независност. Погазено е се што е свето за Република Македонија“, рече Иванов. 

Информираше и дека на средбата со премиерот, Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров им рекол дека ова е нивен личен договор, нивна лична одлука и нивна одговорност.

Фото: Кабинет на претседателот

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!