Објавен конкурсот за упис на студенти на УКИМ: Слободни 11.661 место

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во учебната 2018/2019 година.

Според Конкурсот, слободни се вкупно 11.661 места, од кои за редовни во државна квота има 5.913, редовни со кофинансирање на студиите 4.573 и за вонредни студенти 1.175 места.

Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.

Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, кој УКИМ го објави на својата веб-страница: www.ukim.edu.mk

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 30-ти и 31 август. Вториот рок е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!