Хан: Иванов итно да преземе одговорност за договорот со Грција

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан го повика претседателот Ѓорге Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција.

„Не е соодветно за претседател на држава, да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни, за да добие информации од прва рака. Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност.

Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба да се заборави дека шеф на држава е на некој начин модел за многу луѓе во една земја. Претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за тоа, инаку и наштетува на функцијата“, вели Хан.

МИА

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!