ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор во корист на сите граѓани

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

„Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост“, вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во овој процес.

„Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион, наведува генералниот секретар на ОБСЕ.

Фото: ОБСЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Договорот помеѓу Македонија и Грција на македонски јазик

Сите детали: Грчки нон-пејпер, што прифатила Македонија?

Влада: Македонските граѓани сами ќе си ги платат трошоците за промена на документите

Влада: Македонската химна нема да се менува

Влада: АРМ и другите државни институции ќе добијат нови имиња во „духот“ на договорот

Ќе добие ли и СДСМ ново име: Што предвидува договорот помеѓу Македонија и Грција

Ќе помине ли договорот помеѓу Македонија и Грција во македонскиот и грчкиот парламент

Кога името Северна Македонија ќе се употребува внатре во државата

Регистарските таблички ќе бидат со ознака НМК, кодовите ќе бидат МК и МКД

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!