Ахмети: Нема национално обединување, Албанците да си ги јакнат своите држави

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Ахмети синоќа во емисијата „Пресинг“ на приштинската Т7 рече дека „нема Албанец кој не ја сака Албанија и кој не сака национално обединување“, но дека работите се многу сменети од 90-тите години на минатиот век.

- Албанците сега треба да тежнеат да се обединат во Европа, со интегрирањето на Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора во Европската унија. Друга алтернатива нема. Ниту за Албанците, ниту за нашите соседи, рече Ахмети.

Говорејќи за идеите за територијални поделби, лидерот на ДУИ рече дека „концептот на поделби е штетен за Албанците“.

- Во прв ред, немаш како да делиш. Не можеш да ги делиш границите ниту со конец, ниту се лењир, рече Ахмети.

За таканаречената „Голема Албанија“, лидерот на ДУИ рече дека тој концепт на Албанците им го импутираа другите.

- Не е Албанија ниту голема ниту мала. Толкава е колкава што е, рече Ахмети во интервју за приштинската телевизија. 

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.