Молотови коктели и шипки кон полицајците на протестите пред Собранието: Приведени десет лица

Во периодот од 19.30 до 23.00 часот вчера на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија се одржал јавен собир.

За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален).

Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!