Исчезнале над 140 уметнички дела од амбасади и резиденции на СФРЈ

538 Views Јуни 14, 2018 Балкан Никола Осило

Од амбасади, конзулати и резиденции на поранешна Југославија исчезнале повеќе од 140 вредни уметнички дела.

Србија ќе побара одговор за исчезнувањето преку Интерпол, изјави Вељко Одаловиќ, српски претставник во Мешовитата комисија за сукцесија.

„Инсистираме за таа акција да се вклучи и меѓународната криминалистичка полициска организација“, изјави Одаловиќ за Новости.

Најмногу дела недостигаат во Рим. Дел од уметнички дела недостигаат во Хаг, Вашингтон, Стокхолм, Цирих, Мексико, Анкара Виена и Осло. До 2017 распоредени се вкупно 1 416 уметнички дела.

Србија „по национален клуч“ добила 791, Хрватска 325, Словенија 194, Македонија 59 и БиХ 47 уметнички дела.

Фото: novosti.rs

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!