Драстични спротивности: Купуваат станови од шеесетина квадрати или градат куќи од над 115 квадрати

4746 Views Јуни 15, 2018 Бизнис Никола Осило

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 28,8 милијарди денари.

Од нив, 10,5 милијарди денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2017 година се градени вкупно 2.191 објект, а завршени се вкупно 2 822 станови со вкупна површина од 178.758 м2, од кои 2 764 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 63.3 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Источниот итн.

Од друга страна, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 10,9 милијарди денари.

Во текот на 2017 година се градени вкупно 2.308 објекти и завршени се вкупно 2 800 станови со вкупна површина од 322.487 м2, од кои 108 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12.527 м2.

Просечната корисна површина на завршените станови е 115.2 м2.

По региони, најмногу се градеше во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, Југозападниот, итн.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!