Димитров: Утре е историски ден за Македонија, конечно ќе излеземе од чекалната

Утре е историски ден за Македонија, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешното отворање на Фестивалот „One love tour 2018“, на кој беше заедно со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

- Имаме сили што се борат за напред, за иднината, имаме сили што се борат за назад, за минатото. Минатото не можеме да го смениме, иднината можеме. Мислам дека тоа е многу голем чин, на некој начин бевме охрабрени од Договорот за пријателство со Бугарија.

Ова е нашето последно отворено прашање и на некој начин завршува една фаза на прашалници, на предизвици. Многу ќе биде важно овој чин да ги отвори вратите и на ЕУ и на НАТО, бидејќи меѓудругото, покрај пријателството со Грција, македонските основни мотиви се да се отворат вратите и конечно да излеземе од таа чекална, каде што сме заклучени премногу години, рече Димитров.

Фото: Фејсбук/Никола Димитров

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.