Традиционална македонска храна за Ципрас и Коѕиас

На европските, македонските и грчките политичари кои денеска го потпишаа договорот во Преспа и присуствуваа на овој историски чин, ручекот во Отешево им почнал на традиционално македонски начин, пишува novatv.mk

Гостите почнале со ѓомлезе, бело сирење и пинџур а била послужена и нашата жолта ракија „Антика” . Главното јадење било телешки бифтек со сос од вино и печурки. За десерт била послужена баклава и палачинка со крем од ванила и овошје. Сето тоа било залиено со македонско вино од „Тиквеш”.

Македонските домаќини, европските и грчките гости биле исклучително задоволни од квалитетот на се што било ставено на маса.

Извор: novatv.mk/Фото: Фејсбук/Бујар Османи

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.