Дракалски дел од жирито на Меѓународниот фестивал на креативноста во Кан

Денеска, започнува Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions, кој до петок оваа недела ќе донесе вистински празник на креативност и учење, како за  учесниците, така и за натпреварувачите, пишува marketing365.mk.

Во жирито составено од водечките креативни лидери во светот, по втор пат имаме претставник од Македонија, откако повторно Душан Дракалски беше поканет да учествува во оценувањето на дел од пријавените проекти од целиот свет.

Организаторите потврдија дека стигнале вкупно 32 372 пријави за наградите оваа година. Најкреативните кампањи од 90 земји ќе се натпреваруваат во 26 категории за престижните Лавови, а организаторите истакнуваат дека, судејќи според пријавените кампањи, популарноста на овие награди особено е во пораст меѓу клиентите.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ.

Фото: Фејсбук-профил на Душан Дракалски

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.