Грчева: Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме

Солза Грчева вечерва на протестот пред Собранието ја нарече Владата фашистичка и порача дека од државата сакаат да создадат фашистичка творба.

„Сакаат да не се погребуваме на македонските православни гробишта, нема тоа да го дозволиме. Се сакаат да скинат замислиле оваа нација да нема минато. Додека имаме чесни паметни и вредни луѓе нема да го дозволиме тоа. Имаме паметни луѓе и на сите фронтови ќе се бориме. Македонија ќе остане исконска“, рече Грчева и продолжи дека Владата го тестира трпението на народот, но овој народ е камен и нема да го измести никој никогаш.

„Нема да се смириме додека не се распушти ова ненародно собрание. Сите до еден има да го напуштат ова Собрание. Владата не е легитимна затоа што Собранието не е легитимно. Ова е ист момент на нашата генерација. Ние ќе одиме право кон ова собрание и оваа влада. Секој од нас ќе биде силен ако знае дека не има мн и не сме сами. Целата дијаспора е со нас“, порача Грчева.

Таа рече дека народот „не им се плаши на платениците“

„Секој ден упорно, во сите градови и села народот мора да пресече. Сега е моментот. Ние сме на страна на правдата, овие луѓе кршат се, тука е нашата шанса да ги уништиме. Да им покажеме со кого си имаат работа“ рече Грчева.

Демонстрантите утрешниот протест го закажаа за во 11 часот пред Собранието, за кога е закажана седницата на која треба да се раитификува договорот со Грција.

Фото: Телма

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.