Мицкоски: Нема да излеземе на улиците, ќе дејствуваме во Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги прими претставниците на граѓаните, кои протестираа пред Собранието и побараа средба со него пред седиштето на партијата, при што им напоменал дека ги поддржува нивните протести, но пратениците од партијата нема да им се приклучат на улиците, туку ќе дејствуваат од Собранието.

Претседателот на Здружението „Семакедонски национален совет Македониум“ Страшо Олумчев, по средбата изјави дека по нивното барање за напуштање на пратениците од опозицијата на седниците во Собранието и да се приклучат на протестите, Мицкоски им кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го напушти Собранието, но и дека нема да учествува во собраниските активности поврзани со договорот со Грција, бидејќи, како што смета, би било подобро партијата да биде внатре и да го спречи премиерот Зоран Заев во носење штетни одлуки.

Олумчев рече дека разговарале и за референдумот за кој Мицкоски во медиумите дал изјава дека ќе гласа против, а од Здружението му посочиле дека треба да се спречи тој референдум со образложение дека името на Македонија не е добиено на гласање туку тоа се пренесувало од дедовци и прадедовци со векови.

Претседателот на здружението Олумчев рече дека ќе продолжат со секојдневни протести се до исполнување на нивните барања меѓу кои е и заштита на името на Република Македонија и заштита на македонскиот идентитет.

МИА/Фото:ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието за Договорот со Грција

Пратениците дадоа зелено светло договорот со Грција да се разгледува по скратена постапка

Собранието утре ќе го ратификува договорот со Грција

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!