Хуманитарен настан „Шампионите за вас“: Дружење со Антиќ, Манасков, Миркуловски, Недев и Муса

Утре (четврток 21 јуни) од 17 до 20  часот во Парк Хотел и Спа, Ресторан Фор на летната тераса, во Скопје, ќе се одржи акцијата „Шампионите за вас“ во склоп на хуманитарниот проект „Здраво шампиони“ на Проект Среќа.

На хуманитарниот настан ќе биде организирана дружба и забава со најголемите спортски ѕвезди како Перо Антиќ, Дејан Манасков, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Аљоша Недев, Дејан Недев и Едина Муса.

Целта на настанот е да се обезбедат средства за децата кои се во социјален ризик.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.