Апел за донација на летна облека за бегалците

Во транзитните центри сеуште имаме бегалци кои транзитираат, а времето е сè потопло, Легис апелира за донирање летна облека и обувки за деца, жени и мажи.

„Облеката можете да ја донирате во просториите на Легис, секој работен ден (и сабота) кои се наоѓаат на ул.Џон Кенеди бб, во непосредна близина на маркетот ВЕРО“, се вели во апелот на Легис.

Фото: Легис

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.