Го избра ли ВМРО-ДПМНЕ вистинскиот лидер: Никој не го бендисува Мицкоски

Лавина од реакции кај симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ предизвика најавата на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, дека ВМРО-ДПМНЕ ги подржува протестите против промената на уставното име на Македонија, но дека „битката“ ќе ја води во Собрание, не и на улица.

Најчестите коментари по социјалните мрежи се дека тој е премногу мек и дека тој не е вистинскиот човек кој треба да ја води партијата, посебно не во вакви клучни времиња за државата.

Дека Мицкоски не им е по ќејф на симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ покажа и неодамнешната анкета на Телма и МЦМС, според која тој има низок рејтинг од 2.9%, помалку од поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, кој има рејтинг од 6.1% и од претседателот Ѓорге Иванов, кој беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, кој има рејтинг од 9.9%. 

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, пак се уште има висок рејтинг, од 20.6% (СДСМ-25.5%).

Мицкоски не им беше „симпатичен“ и на поранешни и актуелни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои отворено застнаа против неговиот избор во Валандово.

Генералната пак забелешка во јавноста е дека најголемиот “грев“ на Мицкоски е што не се огради и не го осуди „криминалното“ работење на претходната влада, која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и дека е „копија“ или „во сенка“ на Никола Груевски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Мицкоски: Ќе поддржиме референдум, само ако тој е обврзувачки и демократски

Мицкоски: Нема да излеземе на улиците, ќе дејствуваме во Собранието 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.