СДСМ го осуди нападот врз седиштето на ВМРО-ДПМНЕ: Не сме виновни за поделбите во опозициската партија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го осуди нападот на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и секаков друг вид на насилства коишто ја загрозуваат безбедоста.

“Како одговорна партија, отфрламе каква било поврзаност со случајот, СДСМ никако не може да биде виновен за поделбите внатре во опозициската партија.

СДСМ јасно и недвосмислено беше дел од Шарената револуција во вистинските моменти кога државата требаше да се спаси од криминалот, поделбите и изолацијата, и тоа не го криеше. Во улога на владејачка партија, СДСМ ја води државата напред и работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Очекуваме сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности, да го расчистат овој случај.

ВМРО-ДПМНЕ мора конечно да ја напушти поразената матрица на конфликт, деструкција и поделби, да покаже елементарна политичка одговорност и во интерес на граѓните да се одлучи ЗА македонската иднина“, велат од партијата.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(Фото) По протестот против договорот за името, фрлена боја врз седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Штабот на партијата нападнат од луѓе блиски до власта

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.