Кучиња скитници искасале тројца скопјани

На 24.06.2018 година во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ј. (46) од Скопје пријавил дека на 23.06.2018 година околу 23.30 часот на бул. „Александар Македонски“ во пределот на десната потколеница бил каснат од страна неколку кучиња скитници.

Истиот ден, во 20.40 часот во Полициската станица Гази Баба, В.М. (65) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека истиот ден во 15.00 часот на ул. „1“ во с.Стајковци бил нападнат и каснат за левата нога од куче скитник.

Претходно, во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.С. (65) од Скопје пријавил дека на 23.06.2018 година околу 23.00 часот на ул. „Јани Лукровски“ бил нападнат и каснат за левата потколеница од три кучиња скитници. 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!