(ВИДЕО) Хаос на Халкидики - вториот крак под вода, евакуирани туристи

Поројните дождови и невремето од изминатите 24 часа создадоа сериозни проблеми и материјална штета во повеќе делови на Грција.

На Халкидики, се поплавија повеќе места, улиците се претворија во реки, а нанесена е материјална штета на инфраструктурата, на домови и возила, за среќа без повредени или жртви.

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

(ВИДЕО) Македонски туристи не побарале помош и не пријавиле штети по невремето во Грција

(ВИДЕО) „Црвен аларм“ за лошо време во Грција: Предупредување за поројни дождови и силни бури

(ВИДЕО) Грција: Поплавени плажи, поплави и торандо

Најпогодена беше вториот крак на Халкидики и областа Никити Ситониа. Поради невремето и поплавата, автомобили и канти за отпадоци завршија во морето.

Карактеристичен е случајот со автомобилот кој поради невремето се најде во море. Возачот и совозачот на возраст од 68 и 60 години, успеале да излезат од возилото, да се качат на кровот, а со помош на кајак и нуркачи биле спасени.

Во друг случај, повикана била противпожарната служба да интервенира за спасување и на 4 лица заглавени во автомобил.

Локалната управа на Никити, веројатно е дека ќе побара да се прогласи вонредна состојба.

Штети имаше и на првиот крак, во областа Касандра, во Касандрија, Сивири и Неа Фокеа, а силни врнежи од дожд беа забележани и во североисточниот дел на Халкидики.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, ниту еден македонски граѓанин не побарал помош од нашиот конзулат во Солун, поради невремето на Халкидики.

Голем дел од патиштата покрај морето на Халкидики се затворени за сообраќај.

Бурата „Нефели“ (името го доби од метеоролошката служба на Грција) создаде проблеми и во други градови низ целата земја.

Во Лариса и Волос, поплавени беа крајбрежните делови, додека пак во атинското предградие Мандра, се разбудија лошите спомени од ноември миантата година, кога во поплавите животот го загубија над 20 лица. 

Во Мандра, што се наоѓа во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина, противпожарната служба интервенираше за да спаси граѓани заглавени во нивните автомобили,но и на нивните балкони. 

Стариот автопат Атина-Коринт од вчера е затворен за сообраќај.

МИА/Фото/видео :tomsakis sithon/newsittv

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.