Бела чума во Македонија: За десет години 30.000 деца помалку во основното образование

Македонија доживува драстично намалување на младата популација, а најдобар показател за тоа е состојбата во основното образование каде во изминативе десет години има огромен пад на бројот на ученици.

Имено, според податоците на Државниот завод за статистика бројот на ученици во основнто образование во учебната 2007/2008 година изнесувал 222.359 ученици, а во учебната 2017/2018 година оваа бројка изнесувала 192.448 ученици што е намалување за речиси 30.000 ученици.

Во истиот период бројот на редовни основн училишта се намалил од 996 во учебната 2007/2007 година на 989 училишта годинава.

Интересно е што во изминативе десет години има контуниурано намалување на бројот на учениции во основното образование и истовремено пораст на бројот на наставници.

Така, во учебната 2007/2008 година во основниште училишта во земјава имало 15.330 наставници, а лани нивниот број се зголемил на 18.291 наставник.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!