Никола Димитров за „Le Figaro“: Нема да ги внесуваме нашите стари спорови во Европа

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за францускиот „Le Figаro“ го коментира договорот со Грција и повеќе други прашања.

ФИГАРО: Постигнат е историски договор за помирување со Грција.

-Конечно успеавме да решиме едно од оние прашања кои долго ја трујат историјата на Балканот и остануваат како трн во ногата на Европа. За година дена успеавме, со нашиот најблизок сосед, да изнaјдеме решение за да името „Македонија”, кое историјата заеднички ни го остави, да не биде повеќе предмет на спор туку дел од заедничка историја. Уште од независноста на нашата земја во 1991 година, бевме заглавени во тој спор кој не кочеше на патот кон Европа, но истиот и го надминавме.

Впрочем, како и Де Гол и Аденауер во 1963 година, така премиерите на двете земји одлучија да не ги вкусуваат кавгите од минатото туку да ја подготват иднината. Таа иднина за нас се вика Европа. А за тоа, требаше и едната и другата страна да направат и компромиси и отстапки, да се отстранат нештата кои не разединуваат, особено болните спомени од крајот на 40-тите години на минатиот век.

Во екот на крвавата граѓанска војна голем број на македонски семејства беа приморани да напуштат се во Грција. Грција сега конечно ни го признава името „Македонија” кое е дел од нашиот идентитет, под услов да го додадеме поимот „Северна”, со кое се става крај на секоја двосмисленост во поглед на територијални претензии, а ние не го оспоруваме нивното сопствено античко минато.

Тоа е духот на оваа Спогодба која треба да биде усвоена кај нас преку референдум. Неговиот исход е неизвесен но ние превзедовме одговорност пред сопствениот народ и пред Европа. Усвојувањето на оваа свечена Спогодба од стрaна на нашиот народ ќе биде доказ дека сме ја присвоиле културата на компромис. Се надеваме дека Франција и Европа ќе го поддржат тој напор за помирување овозможувајќи ни конкретна перспектива за почеток на преговори за членство во Европската унија.

„Младите масовно ја напуштаа земјата која има неизвесна иднина. Сакаме да ставиме крај на таа грешка давајќи сопствен придонес кон европската изградба".

Дали навистина верувате дека сега е погоден момент да се зборува за ново проширување на Европската унија?

-Политиката е уметност на возможното, а Европа, на компромисот. За година дена успеавме да ги смириме односите со сите наши соседи: склучивме два историски договори со нашите најголеми соседи кои се и земји членки на Европската унија, најпрвин со Бугарија а потоа и со Грција, значи нема да ги увеземе нашите стари кавги во Европа. Сето ова си има своја цена, но ние си го задржуваме нашето име – кое е малку подолго, но ги задржуваме и нашиот јазик и идентитет. Горди сме на тоа и истите ќе ги однесеме и во Европа. Нема да има иднина доколку се остане самотник во Европа. Затоа се стремиме кон статусот на земја официјален кандидат.

Зошто задоцнивте во поглед на преговорите со Брисел?

-Нашата земја беше најнапредната на европскиот пат од сите земји од Поранешна Југославија, стекнувајќи го во 2005 година кандидатскиот статус за почеток на преговорите. Потоа навлеговме во своевидна спирална изолација, потхранета од националистички наддавања која предизвика последици и во нашата внатрешна политика особено во поглед на спроведувањето на реформите.

Застранивме од патот кој води кон НАТО и кон Европската унија: надвладеаа внатрешните поделби и личните интереси. Младите масовно ја напуштаа земјата која има неизвесна иднина. Сакаме да ставиме крај на таа грешка преку давањето на сопствен придонес кон европската изградба. Работевме напорно за да изгласаме и да започнеме голем број реформи, со поддршка од Европската комисија, која ги препрозна нашите напори и препорача отворање на овие преговори.

Земјите-членки мора тоа да го земат предвид на Европскиот самит на 28 јуни. Ние сметаме на поддршка од нашата пријателска Франција, која толку многу направи за мирот на Балканот. Нема да ја заборавиме; Нашата земја треба да се обнови. Ја чекаме Франција, нејзината култура, нејзиниот јазик, нејзините компании.

Нашата идна покана за влез во НАТО ќе ни овозможи да ги отстраниме последните сомнежи во поглед на безбедноста. Поголемиот дел од соседите се наши сојузници.

Целото интервју што го објави МНР ТУКА.

Фото: МНР

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!

Најчитани вести