Руските „Ноќни волци“ доаѓаат во Македонија во рамките на мото-марш „Словенски свет“

12368 Views Јули 2, 2018 Забава Никола Осило

Од 22 јуни до 20 јули 2018 година, по десетти пат руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”. За 22 дена тие ќе поминат повеќе од 8.500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа.

Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено дијалог меѓу младите, чие мирно небо се гради денес.

Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10.000 луѓе.

Едно од најзначајните места на маршутата на овој мото марш е и градот Охрид. Тие ќе го посетат Охрид и ќе одржат прес конференција во хотелот „Нова Ривиера” на 3 јули, со почеток во 11.00 часот.

Фото: OC media

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!