Пензискиот систем пред колапс: Расходите на ПИОМ за пензии се зголемиле за 97% за десет години

Во периодот од 2007 до 2017 година има континуирано зголемување расходите на Фондот за пензиско и инвладиско осигурување, како резултат на зголемувањето на бројот на корисниците на пензија и извршеното усогласување на пензиите.

Најновите податоците на ПИОМ покажуваат дека расходите за исплата на пензиите во 2017 година, изнесувале 51,9 милијарди денари и во споредба со 2007 година се зголемени за 97%, расходите за плати на вработените се зголемени за 0,64%, а другите расходи бележат намалување, додека вкупните расходи во споредба со 2007 година се зголемени за 98,81%.

Од 2006 година, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во Фондот започнаа да се реализираат расходи по основ на пренесување средства во приватните пензиски фондови за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување за членовите кои пристапиле во приватните пензиски фондови.

Овие расходи се зголемени од 1,8 милијарди денари во 2007 година на 6,2 милијарди денари во 2017 година, или за 333,14%, заради зголемениот број на членови и уплата на заостанати обврски од претходната година.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!