Владо Јаневски ќе одржи концерт во Антички театар на 2 август

Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 2 август, информираат од Авалон продукција.

„Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од овој четврток (05-ти јули) онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон“, соопштуваат од Авалон продукција.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.