(Фото) Карпош доби шарени тротоари

Во рамките на летниот музичко-интерактивен камп во Пиколини денес се одржа средба за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и Пиколини во насока на изведба на краткорочниот проект “Шарени тротоари во Карпош”.

„Шарените бои на пешачката патека во близина на ОУ Петар Поп Арсов за миг го украде вниманието на минувачите на улица Волгоградска. Ги разиграа децата, родителите и минувачите кои уживаа во неколкучасовното разубавување на монотоните, сиви тротоари пред вратите на Интернационалната градинка Пиколини која се наоѓа во Општина Карпош.

Присутните на настанот имаа можност да создадат свое дело кое секојдневно ќе остава насмевка и ќе ги освести сите оние кои несвесно ја уништуваат пешачката површина.

Примерот на соработката помеѓу Општина Карпош и Пиколини ќе бидее поттик за реализација на ваков тип на проекти кои ќе останат забележани во Општината во која има најмногу образовни објекти. Идејата на менаџментот на Пикоини ни даде причина да поддржуваме вакви интерактивни идеи кои пред се ќе бидат наменети за најмладите“, изјавија претставниците од Општина Карпош.

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.

За Авторот

Никола Осило

Професионален новинар со повеќегодишно искуство. Новинарството постои за јавноста да се информира, а не за да се контаминира. Факти пред ставови!