Хуманитарната организација на Мајка Тереза продавала бебиња

Една од жените кои работат во хуманитарната организација на Мајка Тереза, „Мисионери на милосрдието" во Индија, е уапсена под обвинение дека продала бебе старо 14 дена.

Уште две жени биле приведени и ќе бидат испрашувани за други можни случаи на продажба на бебиња, јавува Би-Би-Си.

- Дознавме дека уште неколку бебиња се нелегално продадени од овој центар. Ги најдовме имињата на мајките и овие бебиња и спроведуваме понатамошна истрага, изјави полициски претставник за Би-Би-Си.

Полицијата во центарот нашла околу 2.200 долари.

МИА

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.