Миа за Влатко Илиевски: Тажно е што не знаеме да препознаеме кога некој тоне

Пријателите на пејачот Влатко Илиевски во неверување ја примија веста за неговата смрт, па на социјалните мрежи пишуваат пораки со посвета и простување од него.

„Влатко Илиевски што направи бејб? Да знаев само дека вчера ова ќе биде последно од тебе..ми се сврте во умот“, напиша Весна Петрушевска на нејзиниот фејсбук-профил.

Музичарот Петар Ренџов исто така се прости од него.

„Немам слика со тебе, не верував дека ќе ми треба. РИП рокеру Влатко Илиевски“

„Ах Влатче убавецу, почивај во мир“, напиша Маја Панчевска Гроздановска.

Водителката Миа Костова вели дека е тажно што не знаеме да препознаеме кога некој тоне.

„Друже, те памтам како детето со виткана коса што увек шмекерски ги поздравуваше постарите во МБУЦ. Патувак сега ти е сигурно полесно“,напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.

„Фала ти Влатче, што ни пееше на свадба, што ме посети у болница после операција, што му беше главен вокал на Брега на концертот што го организираше Џаро, без хонорар. Татковците ни се пријатели, децата мои многу те сакаа, а ти никогаш не пропушти да ги поздравиш у маало.

Последните месеци, живееше во моја улица. Едно комшиско кафе не испивме. Ова се мал дел од спомените што ме врзуваат за тебе. Одам на одмор и нема да можам да дојдам да те испратам. Во себе ќе си запеам некоја од нашите, од Дугме, за тебе друже“, напиша новинарката Милица Џаровска.

„Беше посебен. Ми беше чест што ми беше другар. почивај во мир“, Катарина Ивановска.

Фото: Фејсбук/Костова

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Погребот на Илиевски ќе се изврши утре во Ѓорче Петров во 12 часот

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

OJO за смртта на Илиевски: Нема видливи траги на насилство, телото е дадено на обдукција

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.