Погребот на Илиевски ќе се изврши утре во Ѓорче Петров во 12 часот

Пејачот Влатко Илиевски ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.

Илиевски кој пред неколку дена наполни 33 години беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека, според првичните информации, кај Илиевски не биле видливи траги на насилство. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење.

- Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, наведува ОЈО во соопштението.

Фото: Фејсбук/Илиевски

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

OJO за смртта на Илиевски: Нема видливи траги на насилство, телото е дадено на обдукција

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Миа за Влатко Илиевски: Тажно е што не знаеме да препознаеме кога некој тоне

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.