Илјадници книги од проектот на владата на Груевски освен што скапуваат по магацини, и лошо се преведени

Илјадници лошо преведени книги од помпезно насловениот проект на владата на Груевски „1.050 книги“ скапуваат по влажни магацини, покажува вториот дел од истражувањето на „Порталб.мк“ „Влада на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат“.

Деветнаесет милиони евра завршија во темните депоа во Скопје и Гостивар. “Порталб.мк“ влезе во мемливите депоа полни со лошо преведени и преплатени книги за кој никој сега не презема одговорност и нема идеја што да прави. 

Се правело проверка дали книгите ги исполнувале техничките аспекти, не и квалитетот на преводот
Лошиот квалитет на преводот е една од причините зошто овие книги не се користат од студентите, а реакции имаат и од професорите.

Според извештаите на МОН, сите овие книги ги исполниле критериумите само од технички аспект (надворешен изглед). Одговорноста за квалитетот на преводите паѓа врз издавачките куќи. Што се однесува до контрола на тој квалитет, тоа не е побарано и не е направено од министерствата. 

„Обврските и одговорностите за преводот им припаѓаат на издавачките куќи„ – ни потврди и екс министерката Дескоска. (10.04.2018)

Главниот критериум на министерствата за избирање на една издавачка куќа била најниската цена на понудувачот. Издавачките куќи професионалната способност требало да ја докажат само со документите: листа и примерок на издадена литература во последните 3 години со тираж над 1.000 примероци по издание, и изјава за бројот и квалификационата структура на вработените што ќе ги ангажира за реализација на предметниот договор,  вклучувајќи ги и лицата кои ќе бидат ангажирани за стручната редактура, лектура и компјутерска обработка.

Во договорите склучени од министерствата со издавачките куќи, не е предвидена казна или раскинување на договор во случај на неквалитетен превод. Од нив исто така не побарано да набројат јасни критериуми за избирање на преведувачи и лектори.

Според неофицијалните информации на „Порталб.мк“, преведувачи на книгите особено од првата фаза, освен професорите, биле и поединци кои држат настава по англиски јазик и литература во средни училишта. Имало и од тие кои имаат завршено само високо образование и употребувале Google Translate, но оваа информација јавно никој не сакаше да ни ја потврди.

Покрај тоа, студент ни потврди дека една од книгите по хемија е делумно преведена од страна на студентите, на кои трудот им бил „исплатен“ со положен испит, а не со пари.

Издавачката куќа „Просветно дело“ потпишала договор со МОН за објавување на книгата „Органска хемија" од авторот Џон Мекмури. Книгата не се користи од страна на студентите, бидејќи содржи научни невистини кои што се резултат на несоодветниот превод. 

извор/фото: portalb.mk

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Владата на Груевски потрошила најмалку 19 милиони евра за книги што не се користат и скапуваат во магацини 

При објавување на материјали од порталот emagazin.mk во друг медиум, задолжително поставете активен линк кон страницата од која е преземен текстот.